Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае противниците за место на осмото учество на Европските првенства, вкупно деветто во својата историја. Битката за пласман на континенталното натпреварување во Германија 2024 година, ќе ја војуваме, за првпат без Кирил Лазаров.
Најдобриот македонски ракометар по завршување на оваа сезона треба да стави крај на својата кариера, во националниот дрес ќе го видиме на уште два меча, против Чешка во бараж мечот за СП 2023 година.
Лазаров овие квалификации ќе го гледаме на клупата на македонската репрезентација како селектор. Во составот ќе го немаме ниту Филип Миркуловски, кој се врати по повикот на Кире.
Нашиот национален тим пред ждрепката која е закажана со почеток во 18 часот и од која ќе има директен пренос на Арена 1, се најде во вториот шешир заедно со репрезентациите на Чешка, Полска, Црна Гора, Холандија, Србија, Швајцарија и Украина.
Вкупно 32 репрезентации ќе бидат дел од квалификациите, истите ќе бидат поделени во осум групи со по четири учесници, најдобрите две од секоја група ќе обезбедат место на ЕП 2024, како и најдобрите три третопласирани селекции.
ШЕШИР 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
ШЕШИР 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина
ШЕШИР 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
ШЕШИР 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург