Стоилов суспендиран еден меч, Вардар ќе плати 60.000 денари за слаба организација!

586

Дуелот меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер не мина без инцидент. На самиот старт на дуелот од плеј-офот, по влегувањето на „Чкембарите“ на трибините настан хаос во салата. Обичните фанови беа во паника, летаа разни предмети на сите страни, на голема среќа инцидентот не ескалираше и брзо беше смирен.

Иако мечот продолжи за брзо време, сепак во очи падна слабата организација на македонскиот првак. Немаше доволно обезбедување, ниту пак полиција, иако за истиот беше познато дека на трибините ќе има гостински навивачи. Токму затоа, Вардар ќе плати 60.000 денари, одлучи Дисциплинската комисија при РФМ.

Без казна не мина ниту Стојанче Стоилов, тој ќе биде суспендиран еден меч, откако се обиде да се пресметка со судиите на оваа средба. На крајот дури и заработи црвен картон. Ова значи дека нема да биде на располагање на Давид Дејвис за дуелот со Е.Пелистер 2 во Битола.

ПретходноПрвиот човек на ПСЖ жестоко до Перез: Луѓето умираат во Украина, а ние се бориме за Супер-лига
СледноЖдрепката за 1/2 финалето од Купот во вторник во ФФМ!