Словенците ја „украдоа“ победата на Македонија во 97 минута (ВИДЕО)

1925

Македонија за малку не ја совлада Словенија на првиот контролен натпревар пред настапот на ЕВРО со 1:0. Елмас, „крвникот“ на Словенците погоди во 55. минута, но Чрнигој во 97. Минута успеа да израмни. Словенија освен пробивите на Иличиќ, немаше ништо сериозно се до последните секунди од мечот. Одигравме одличен натпревар, на тактички план, добро ги затворивме особено во вториот дел. Доминиравме во играта, но на крајот среќата го сврте грбот и Чрнигој донесе израмнување.

ИЛИЧИЌ ПРАВЕШЕ ПРОБЛЕМИ, „ФРЧЕА“ ДУЕЛИ НА СРЕДИНАТА

По првиот дел немаше голови, но дуелот изобилуваше со многу борба и дуели на средината на теренот. Најголема закана од Словенија доаѓаше од Иличиќ кој во 11. Минута шутираше крај голот.

Во 35. Минута прва закана за Македонија преку Пандев, но ударот со глава не беше прецизен по центаршут на Алиоски.

„МАТ“ ЗА СЛОВЕНИЈА ПРЕКУ ЕЛМАС

Во вториот дел тргнавме со ист тим, а во 55. минута ја матиравме Словенија. Центаршут од левата страна до Елмас кој со волеј го совлада Белец за предност. Алиоски ја испрати таа топка која долго леташе, а македонскиот играч од средниот ред не чекаше многу за да го „матира“ словенечкиот голман. Очигледно му оди на Елмас против Словенија.

ИЗМЕНИТЕ ГО НАРУШИЈА РИТАМОТ

Измените кои ги направија и двајцата селектори, го нарушија ритамот па до крајот на мечот се играше мирно. Но, Македонија го диктираше темпото, имаше уште една шанса, но не го зголеми резултатот, а Словенија без Иличиќ речиси беше безопасна по голот на Димитриевски. Македонија со неколку полушанси, сепак, не успеа да стигне до 2:0, а потоа следуваше казна.

СЛОВЕНЦИТЕ СЕ СПАСИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ

Чрнигој во таа 97. Минута донесе шокантно израмнување на резултатот. Една долга акција после која Чрнигој се најде сам на десната страна, и „крвнички“ ја заби топката во голот.

Ете, иако Македонија беше подобра селекција, контролираше се, една грешка донесе израмнување и 1:1 на крајот од средбата.

 

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА      1:1 (0:0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 8000.

Судија: Касуми (Косово).

Стрелци: Елмас 55’ – Чрнигој 90+7’

Ж. Картони: Муслиу, Бејтулаи (М) –  Штулац, Стојановиќ, Костадинов, Куртиќ (С).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Муслиу, Велковски, Ристовски, Алиоски, Николов, Адеми, Елмас, Пандев, Трајковски.

Уште играа: Тричковски, Костадинов, Аврамовски, Ристевски, Хасани, Чурлинов.

СЛОВЕНИЈА: Облак, Балковец, Станковиќ, Иличиќ, Ловриќ, Шпорар, Куртиќ, Мевља, Стојановиќ, Штулац, Млакар.

Уште играа: Јурчевиќ, Белец, Шешко, Чрнигој, Бијол, Бохар.

 

 

ПретходноПотврда и од Реал: Добродојде назад Анчелоти!
СледноКек: Maкедонија има огромен квалитет, нема да биде турист на ЕП!