Голема победа од 1:3 на тимот на Струга Трим на Арената во Скопје и тоа на гости кај Работнички. Продолжува црнаа серија на “романтичарите“ кога играат против овој тим, а посебно кога играат на свој терен. Едноставно по традиција никако не им оди со стружани, така беше и овојпат во меч од 25.коло во ПМФЛ.
Јахја во 13.минута му донесе водство на гостинскиот тим, по одлчната акција во која учествуваа и Кочоски и Шабани. Само што започна вториот дел, се играше 49.минута кога Струга Трим Лум со голот од пенал на Шабани поведе со 0:2. Во тие моменти домашните тргнаа со сите сили, имаа и шанси, но сепак немаше гол. Така беше се до 61.минута кога Рашо убаво со глава успеа да го намали резултатот.
Во 71.минута Станковски шутираше одлично, но Талески со бравурозна интервенција успеа да го спаси својот гол.
Наградата за таа негова интервенција дојде во 80.минута кога Џобе стрелаше за конечни 1:3.
Голема и заслужена победа на денеска подобриот тим кој знаеше како да дојде до целта.
Сите останати мечеви од 25.коло се играат утре со почеток во 15 часот.