Кек: Maкедонија има огромен квалитет, нема да биде турист на ЕП!

610

Словенечкиот селектор Матјаж Кек е импресиониран од македонскиот национален тим и посочи дека имаме голем потенцијал и дека ќе бидеме хит на ЕП 2020.

Реков дека Македонија е екипа која долго време игра заедно и сега ова е врвот. Нема да бидете туристи на Европското првенство. Ќе бидете незгоден противник за сите. Ова е подготвителен меч, а поинаку ќе биде на ЕП. Ова не го зборам онака, туку тврдам дека Македонија има сериозен квалитет. Погледнете го последниот меч против Германија и ќе се уверите. Никој не е среќен што ја има Македонија во групата“, изјави Кек.

ПретходноСловенците ја „украдоа“ победата на Македонија во 97 минута (ВИДЕО)
СледноАнгеловски: Некои работи мора да ги поправиме, на ЕП не смее да има грешки!