ПМФЛ: „Сините“ водеа со 2:0 и пак не победија, лидерот со триумф,Шкендија и А. Пандев шокирани…

736

Каков меч на ФФМ во Скопје меѓу Брегалница и Ренова во ранките на 25.коло. Меч за инфаркт, драма. Имено Брегалница имаше сигурно водство од 2:0 со головите на Дамњановиќ, и така беше се до 77.минути кога прво Шефити за да потоа и Селмани од пенал погодија за конечни 2:2. Да кажеме дека Брегалница мечот го заврши со двајца играчи помалку, откако Додев и Мојсов добија црвени картони. Во финишот “сините“ имаа две големи шанси за победа.

Лидерот Шкупи потешко од очекувањата славеше протов Тиквеш и тоа со голот на Радески вреден три златни бода. Сега тимот на Гоце Седлоски има +13 бодови пред Шкендија и А. Пандев.

Нов срамен резултат на Шкендија, на актуелниот шампион. Дома под Шара, Шкендија одигра само 0:0 против борбениот Борец. Тетовци напаѓаа, имаа шанси, но велешани умешно се бранеа.

May be an image of 3 people, people playing sports and grass

 

Скопје среде Струмица ја шокираше А. Пандев и тоа со 1:2. Маронг му донесе водство на домашниот тим за да Игњатов со два гола во вториот дел донесе големи три бода за “пиратите“.

Македонија ЃП не дозволи изненадување во Ѓорче, го победи Пелистер со 2:0 и тоа со двата гола на Емини, и двата од пенал.

Вчера Работнички дома загуби од Струга Трим Лум со 1:3.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 25.КОЛО

А.ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 1:2

(Маронг 5.,/Игњатов 63., 79.)

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 2:2

(Дамњановиќ (п) 35., 59./Шефити 77., Селмани (п) 80.)

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 0:0

ШКУПИ – ТИКВЕШ 1:0

(Радески 49./)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР 2:0

(Емини (п) 63.,, (п) 90./)

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1:3

(Рашо 61.,/Јахја 13., Шабани (п) 49., Џобе 80.)

ПретходноЕлмас ја потврди победата на Наполи (ВИДЕО)
СледноВест Хем држи чекор со врвот (ВИДЕО)