Се она што може и треба да се види од еден фудбалски натпревар, тоа го видовме на стадионот на ФФМ попладнево во Скопје. Брегалница – Ренова 2:2. Луд меч, меч за инфаркт што се вели.
Четири голови, најмалку уште толку идеални шанси на двете страни, два пенали по еден на двете страни и двата реализирани. Два црвени картона за Додев и Мојсов од Брегалница. Потоа водство на штипјани од 2:0 до 77.минута за да на крај да се спасуваат од пораз од Ренова.
Супер интересно…знае некогаш и мак – фудбалот да донесе вистински фудбалски возбудувања.