Тренерот на Барселона Чави Ернандез е задоволен од победата над Севиља од 1-0 синоќа на Ноу Камп. Каталонците одлично играат во моментов, резултатите се во нагорна линија.
Младиот стратег изјави по мечот дека се додека има теоретски шанси неговиот тим ќе продолжи да ја „брка“ титулата во Примера. Во моментов Барса заостанува 12 бода зад лидерот Реал Мадрид , но има и натпревар помалку.










