Костов останува тренер на Тиквеш

132

По вчерашниот пораз од Шкупи на гостински терен од 1:0, тимот на Тиквеш најпрво имаше реакција за арбитражата, на ниво на клуб, а потоа и тренерот Влатко Костов со своја изјава само го надополни ставот на Кавадарчани. Плус, ја понуди и својата оставка потенцирајќи дека не сака повеќе да биде дел од ваквите нефудбалски игри.

Сепак, во текот на денешниот ден, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, како најодговорен за клубот потврди дека Костов и натаму ќе биде тренер и дека довербата и натаму е на негова страна.

Како Градоначалник отсекогаш сум го поддржувал спортот во Кавадарци. Особено ми претставува чест кога ги следам натпреварите на нашиот ГФК Тиквеш. Се гордеам со резултатите што ги постигна во последната година и секогаш сум со него и кога победувал и кога губел.
И затоа по најавената оставка на тренерот Влатко Костов, единствено што можам да кажам е дека ниту јас, ниту Управниот одбор, навивачите и љубителите на фудбалот, не можеме да ја прифатиме, затоа што сметаме дека тој не сноси никаква одговорност за фудбалските настани кои следеа претходно, за што се изјасни и судиската комисија на ФФМ и призна дека нашиот клуб многупати досега бил оштетен. Затоа, му даваме целосна поддршка на тренерот Влатко Костов, човек кој важи за најдобар и најискусен во Македонија, да остане на чело на Тиквеш и да продолжи со неговата работа, и секако да го подготвува тимот за следниот натпревар на домашен терен против ФК Струга Трим и Лум.„
Со почит,
Градоначалник Митко Јанчев

ПретходноБабиќ пред утрешната пресметка со Нексе: Подготвени сме за реваншот!
СледноМЗТ Скопје Аеродром домаќин на заршниот турнир на АБА 2 лигата