ТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Игњатов ги уништи “пандевци“…

372

Два супер гола, одличен настап и победа на Скопје среде Струмица и тоа кај пролетниот хит – Академија Пандев. И треба ли нешто повеќе за да бидеш играч на колото. Се разбира дека мислиме на младиот Леонид Игњатов, офанзивецот на “пиратите“ кој речиси сам ја победи Академија Пандев. Покрај него во тимот на колото од неговиот тим се Зепата и Најдоски. Борец одигра 0:0 под Шара кај Шкендија, одлични беа голманот Јакимовски и Стојменовски. Емини од Македонија ЃП двапати од пенал стрелаше во мрежата на Пелистер, а Дамњановиќ од Брегалница двапати во голот на Ренова. Струга Трим Лум одигра одлично против Работнички и победи со 3:1, инспиратори беа Шабани и Јахја. Радески одново му донесе триумф на Шкупи, а Шефити од Ренова постигна маестрален гол против Брегалница.

ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЛЕОНИД ИГЊАТОВ
Тим: Скопје
Роден: 04.01.2002 во Скопје
Кариера:Вардар, Хајдук У-19, Скопје

 

ПретходноСрамен потег на „ѕвездата“ на Јувентус!(ВИДЕО)
СледноШвеѓаните Куртагиќ и Ветервик ќе му судат на Вардар на реваншот со Веспрем!