Позната е судиската двојка која ќе му суди на Вардар во реваншот од осминафиналето во Веспрем. Тоа се Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик од Шведска. Додека делегат ќе биде Татјана Медвед, некогашната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров од најславните денови на овој клуб.
Инаку натпреварот се игра на 6 април (среда) со почеток во 18:45 часот. Да потсетиме дека првиот натпревар во Скопје, тимот од Унгарија го доби со 22:30. Па така се очекува се очекува на нашиот шампион да му биде пеколно тешко да направи сензација и да се пласира во следната фаза.










