Кристал Палас со ТРОЈКА го “поздрави“ Арсенал! (ВИДЕО)

97

 

Одличен, фантастичен меч за Кристал Палас вечерва во 31.коло во Премиер-лигата кој како домаќин го победи Арсенал дури со 3:0 и освои големи, големи три бода. Ова беше една од најдобрите партии за Кристал Палас сезонава, освои три бода и сега е на 9.место на табелата.

Серијата голови беше отворена во 16.минута кога Матета стрелаше за 1:0. Веќе во 24.минута Ајев зголеми на 2:0, со тој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел четата на Микел Артета се обидуваше да стори нешто повеќе,но по третиот гол на Кристал Палас во таа 74.минута преку Заха, и дефинитивно беше јасно дека Арсенал ќе доживее неочекувано тежок пораз.

ПретходноМилан киксна со Болоња и ја “вжешти“ битката за титулата во Серија А!
СледноВисар Муслиу во тимот на колото во 2.Бундеслига!