Без победник заврши скопската пресметка меѓу Скопје и Шкупи, во првиот меч од 26.коло во ПМФЛ. Резултатот на крајот заврши со тие непопуларни 0:0. Ова е голем бод за “пиратите“ во битката за опстанок, додека Шкупи се чини загуби два планирани бодови, но лидерот и онака има голема предност на врвот на табелата.
Инаку мечот започна со можност на Алварез, но играчот за врска на Шкупи не се снајде најдобро во мешаницата пред голот на домашниот состав. Тој имаше уште една закана во 17.минута, но гол немаше.
Скопје врати со ударите со глава на Зепата и Десниќ, но нивните удари беа за малку непрецизни.
Во вториот дел се очекуваше Шкупи да тргне со сите сили во напад, тоа беа амбициите, но Скопје одлично парираше, со својата борвеност и желба да се дојде до добар резултат.
Треба да се потенцира супер шансата на младиот Хајдари, но напаѓачот на Скопје за малку не успеа да постигне гол и да го шокира лидерот. Седлоски се обидуваше со неколку замени да го смени ритамот на својот тим, но ништо од тоа.
На крајот резултатот гласеше 0:0.