Влатко Дробаров како што е тоа вообичаено сезонава, е сврстен во најдобрите единаесет во шампионатот на Бугарија за изминатото коло. Тој и неговиот тим Черно Море ја декласираа Ботев Враца со 5:0, а покрај одличната дефанзивна партија, Дробаров за малку што не реализираше и со глава, но противничкиот голман ја имаше веројатно одбраната на својата кариера.
Во секој случај Дробаров го доби признанието за одличната изведба изминатиов викенд, што е само континуитет на се што дефанзивецот одигра сезонава.