Екипата на Вардар 1961 ги заврши настапите во Лигата на шампионите. Одигра 31:31 на гостувањето кај Веспрем, но поради поразот во Скопје на првиот меч не се пласира во четвртфиналето. По мечот тренерот Давид Дејвис ги пофали своите ракометари, а следно за вардарци е титулата во домашниот шампионат.
„Честитки за Веспрем и нивниот пласман во четвртфиналето и им посакувам се најдобро. Честитки и за моите ракометари кои се бореа максимално затоа што знам дека тука никогаш не е лесно да се игра. Иако губевме по првото полувреме, продолживме да играме и да се бориме. Среќен сум поради резултатот затоа што да одиграш со Веспрем нерешено и тоа во гости не е лесно. Иако за нив ремито можеби е неважно, но за нас е многу важно. Благодарност и до навивачите кои дојдоа да ни дадат поддршка“, изјави тренерот на Вардар.