Супер акција и погодок за реми на Виљареал против Билбао (видео)

54

Во ЛШ се ѕверови, во Ла Лига се борат за место во Европа. Виљареал повторно загуби бодови, а овојпат на домашен терен остана без два во дуелот со Атлетик Билбао. „Жолтата подморница“ која пред неколку денови го совлада Баерн со 1:0 во четвртфиналето на ЛШ, сега освои само бод со тимот од Билбао.

Гостите водеа со голот на Раул Гарсија во 43. минута. Домашните, сепак, изедначија преку Алфонсо Педраза во 60. минута меѓутоа не најдоа начин како да направат пресврт. Ова реми е десетто за „жолтата подморница“ сезонава која е на седмото место со 46 бода, пет помалку од местото кое води во конференциската Лига.
Билбао е веднаш зад нив со поен помалку.

ПретходноИнтер ја „суреди“ Верона и му се доближи на лидерот на еден бод (видео)
СледноРаботнички прегазен во Куманово, мал „инцидент“ во самиот финиш!