Злато вреден голман: Во 91 минута ја „рогна“ топката и постигна гол за победа (видео)

770

Луд финиш на дуелот меѓу Модена и Имола во рамките на Серија Ц што е многу важен за промоција во Серија Б. Антонио Пергрефи во 69. минута ја доведе Модена во водство, но изедначи Ливеиро од пенал во 87. минута. Се чинеше дека двете екипи ќе си освојат по бод, но се случи чудо.
Се играше 91. минута кога топката дојде до голманот на Модена Рикардо Гањо кој ја шутна од својата половина и таа падна токму пред противничкиот шеснаесетник го прескокна противничкиот голман и заврши во мрежата.
Модена победи со 2:1, освои важни три бода во трката за промоција во повисок ранг.
На две кола до крајот Модена има четири поени предност во однос на второпласираната Реџана.

ПретходноРаботнички прегазен во Куманово, мал „инцидент“ во самиот финиш!
СледноПрилеп и Радовиш до прва победа во плеј-аутот