Пораз од Франција У23

221

Македонската футсал репрезентација е поразена со конечни 5:3 од соодветната селекција на Франција до 23. години на дуелот одигран во Скопје. Нашиот тим се покажа во солидно светло и одигра добар меч.

Противникот успеа да поведе со 1:0 преку Пауло Базилио Переира, Димитар Јанев успеа да изедначи на 1:1. Дејан Кајсторовски постигнува погодок за комплетен пресврт и предност на Македонија од 2:1. Франција преку Тео Рејнад израмнува на 2:2. Истиот играч постигнува нов погодок за предност од 3:2..

Во продолжението од натпреварот Пауло Базилио Переира постигнува втор гол за предност на противникот од 4:2. Траоре Нама го зголемува резултатот на 5:2. Рамадани Јакуп го намали резултатот и ги постави конечните 5:3.

 

ПретходноФеникс на местото на Академија ФМП во Супер-лигата
СледноМакедонската „Фаланга“ се мобилизира во Злин