Ливерпул се пласира во полуфинале на Лигата на шампионите/Купот на шампионите 12-ти пат во историјата. „Црвените“ ја совладаа Бенфика во двомечот од четвртфиналето, а Ливерпул го достигна Манчестер Јунајтед по број на учества во полуфиналињата и двата клуба имаат по 12. Следен на списокот на англиски клубови е Челзи со осум.
Од сите европски клубови, рекордер е Реал Мадрид со 31 полуфинале во ЛШ.
Ливерпул во полуфиналето ќе игра против Виљареал.
Интересно е што и Пеп Гвардиола стана рекордер по број на учества во полуфиналиња во ЛШ. Тој го однесе Манчестер Сити во полуфинале што е негово деветто во кариерата. Пеп тоа го направи со Барса, Баерн и сега со Сити. Зад него е Жозе Мурињо, Карло Анчелоти со по 8 полуфиналиња, а четврти и петти е Алекс Фергусон со седум и Јуп Хајнкес со шест.