Иако статистиката кажува нешѕто друго, сепак, голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, е убеден дека тој и неговиот тим беше подобар ривал во двомечот со Манестер Сити.
И покрај елиминацијата, и покрај двата меча во кој Атлетико не постигна гол, слоенецот смета дека во целина поквалитетниот тим испадна од конкуренцијата.
„Дадовме се од себе и мислам дека можевме да победиме.На првиот дуел Сити беше подобар но вечерва ние бевме тимот кој требаше да мине понатаму. Создадовме повеќе шанси, и севкупно во двата меча повеќе го загрозивме противничкиот гол“ – изјави Облак по мечот.
FOTO REUTERS/Susana Vera