Гвардиола: 71 повреда по мечевите со Атлетико и Ливерпул

257

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека згуснатиот календaр придонел неговите фудбалери да се пожалат на повреди во изминатите две недели. Тој потврди дека во неговиот тим има 71 различна повреда по двата меча со Атлетико во ЛШ и со Ливерпул во Премиер и ФА купот и тоа во период од 12 дена.

Кајл Вокер и Кевин де Брујн не го играа полуфиналето во ФА купот со Ливерпул поради повреди на реваншот со Атлетико.
Нашите физиотерапевти имаа 71 интервенции помеѓу решаншот со Атлетико и полуфиналето од ФА купот со Ливерпул. Докторите ме повикаа и ми рекоа дека ова не е нормално. Овие три „финалиња“ беа напорни, а фудбалерите се пожалиле на многу повреди. Таков е распоредот каков што е и мораме да го почитуваме“, изјави Гвардиола кој додаде дека на првиот тренинг по мечот од ФА купот на теренот поставиле дури шест маси за масирање.

Сити има два бода помалку од лидерот Ливерпул во Премиер лигата, но може да се врати на врвот со победа над Брајтон вечерва.

ПретходноВинисиус e глупав, не знае да даде гол
СледноВелкоски стрелец за Сараево, заедно со Васоски и Аврамовски ќе играат куп финале