Велковски е успешно опериран

203

Македонскиот ракометен репрезентативец и член на тимот на Е.Пелистер, Мартин Велковски успешно е опериран по тешката повреда на коленото (луксација на чашката) на тренинг на крајот од февруари годината. Тој поради оваа повреда не беше дел од последните мечеви како за клубот, така и за репрезентацијата на Македонија која што во меѓувреме обезбеди пласман на Мундијалот.

Според она што е најавено, и доколку се биде во ред со рехабилитацијата, Велковски би требало да се врати на терен на почетокот од следната сезона.

ПретходноСУДИИ ЗА ПМФЛ: Грујоски ќе суди на Чаир, Трпчевски на “центарот“ на дербито Шкендија – Македонија ЃП
СледноНајтрофејната репрезентација гостува во Скопје, нашите девојки без бело знаме