Вечерва во меч од 30.коло во Премиер – лигата, Барнли на свој терен со 2:0 успеа да го победи Саутемптон. Во текот на целиот меч домашните беа подобри, а головите беа дело на Робертс во 12.минута и Колинс во самиот финиш на првиот дел.
Во 86.минута се чини дека Барнли требаше да добие пенал, но сепак судиите и ВАР одлучија дека играњето со рака во својот шеснаесетник на еден гостински играч не било доволно за најстрога казна.
Со овие три бода Барнли си ги зголеми шансите за опстанок.