Судија пред времето: Уште пред 19 години употреби „ВАР“ за да реши спорен момент

276

Фото: sport-express.ru

Во денешниот фудбал спорните моменти се решаваат со помош на ВАР, видео снимки кои судијата ги прегледува и потоа донесува одлука. Но претходно кога немаше ВАР се беше оставено на судиите, главниот и линиските. Тие што ќе видат тоа е!

На 21 мај 2003 година се случил интересен момент на меч од полуфиналето на Купот на Русија. Натпреварот влегол во историските книги на рускиот фудбал како прв меч на кој се прегледувала снимка за да се одлучи спорна ситуација.

На теренот фудбалерите на Анжи и Ростов воделе битка за финале. На стартот на второто полувреме гостинскиот играч Каненда постигнал гол, но фудбалерите на Анжи го заобиколија судијата Валентин Иванов барајќи голот да биде поништен поради игра со рака на напаѓачот на гостите. Во таа мешаните Иванов не видел добро дали играчот играл со рака пред да постигне гол.

Што направил судијата со знакот на ФИФА? Му текна брилијантна идеја. Истрчал надвор од теренот каде што камерманот на Анжи кој го снимал мечот со видео камера му дозволил да ја прегледа снимката од контроверзниот момент.
По неколку прегледувања, Иванов го поништил голот. Имало игра со рака. Снаодлив судија, далеку пред времето, далеку пред воведувањето на ВАР системот.

 

ПретходноЧави искрен: Сосиедад заслужи повеќе, ние не можевме да излеземе од својата половина
СледноШекил О’Нил: Ќе ги тренирам Лејкерс, ако ми дадат 100 милиони долари за 4 години!