Нема зафрканција со Бруно Акраповиќ, некогашниот стратег на Шкендија до пред еден месец, од каде доби отказ поради слабите резултати. Имено тој, како што јавуваат медиумите во БиХ, успеал пред неколку дена да си ги наплати сите побарувања од ЦСКА Софија. Сумата е 100.000 евра, а таа му се должела од страна на бугарскиот гигант уште од времето кога тој беше нивен тренер.
„Да, точно е дека ЦСКА Софија ми ги исплати долговите. Сега не би говорел дали тоа го стори после моја тужба или не, тоа е најмалку важно. Ова се случи пред две – три недели. Јас сум задоволен, важно е дека оваа работа се заврши на најдобар можен начин за мене“ посочи Акраповиќ кој во моментов е најсериозен кандидат за тренер на екипата на Тузла Сити од БиХ.