Ако се победи Ренова: Ќе “врие“ на Чаир, “шверцерите“ во еуфорија, Шкупи ќе слави титула…

520

 

Долго, долго се чекаше на враќање на титулата на Чаир. Последен пат Шкупи (Слога Ј), беше шампион на Македонија во далечната 2001 година. Од тогаш минаа две децении, падови и успеси, играње и во понизок ранг, но секаш Шкупи беше симболот на Чаир. Сега е време за славење, треба да се победи Ренова попладне и да се стави печат на феноменалната сезона на екипата предводена од стратегот Гоце Седлоски.

Јасно е дека ќе “врие“ на Чаир попладне. Сите патишта во оваа скопска населба ќе водат кон стадионот, “шверцерите“ се во еуфорија, се спрема спектакл. Сепак треба прво да се победат “гипсарите“.

Ардит Илјази, дефанзивецот на Шкупи, во пресрет на денешниот меч со Ренова истакнува…

“Максимално сме подготвени. Сите сме мотивирани, знаеме со кого ќе играме. Ренова е добар тим, игра добро, но ние знаеме дека овој натпревар треба да се добие. Денеска е фудбалски празник за нас, очекувам заедно со нашите фанови – „шверцери“ да ја прославиме титулата. Тие долги години чекаа на ова“ посочи Илјази.

Во пресрет на денешниот меч Шкупи е прв со 68 бодови и пет меча до крајот, втора е А. Пандев со 58 бодови и четири средби за играње до крајот. Па затоа јасно е дека во случај на триумф на Шкупи против Ренова и дефинитивно овој тим ќе ја освои титулата.

ПретходноРангник потврди: Погба заминува од „Олд Трафорд“
СледноТен Хаг до играчите на Јунајтед: Јас кажувам кој што ќе игра и тоа мора да се почитува