Утринава жителите на Чаир си се поздравуваа со – Добро утро шампиони. И со право. Од вчера нивниот омилен клуб по 21 година е најдобар во Македонија. Убава прослава, убава атмосфера пред 7.000 гледачи на стадионот на Чаир, победа над Ремова од 2:0, голема радост, еуфорија на „Шврецерите“.
Има и нешто друго во оваа титула на Шкупи. А тоа е отсликувањето на клубот како народен, во кој играат и се тука лица од сите националности и вери.
Па така како и некој одозгора да ја „среди“ работата, како да ги спои Велигден и Рамазан во титулата на Чаир, големите верски празници.
Велигден е во моментов а светиот месец Рамазан трае и ќе финишира следниот викенд.
Убаво е кога се ќе се спои…а тоа го може само спортот, пред се фудбалот.