Адеми му донесе победа на Динамо во Горица

260

Капитенот Аријан Адеми постигна гол во 86. минута и му донесе победа на Динамо на гостувањето кај Горица во 32. коло и на дебито на новиот тренер Анте Чачиќ. „Модрите“ беа на прагот да изгубат два бода, но на сцената стапи македонскиот интернационалец кој уште еднаш го извлече својот тим. Прво неговиот шут заврши во стативата, но топката повторно дојде до него и од вториот обид беше прецизен.

За Динамо цел меч одигра и Стефан Ристовски, додека кај домаќините на клупата остана Влатко Стојановски.

Динамо е лидер со 69 бода и ја запиша првата победа после два порази по ред, а вториот Осиек има 64.

ПОГОДОКОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

ПретходноОд квалификации до триумф – Потапова ја освои првата титула во кариерата
СледноКузмановски и Хановер „паднаа“ во Гепинген