Шкупи своите мечеви во Европа ќе ги игра на Чаир!?

1538

Како што информираат од страна на раководството на новиот шампион, постои можност или шанса мечевите во Европа на кои Шкупи ќе биде домаќин, да се играат на Чаир.

Едноставно Шкупи сака да игра дома на Чаир во Европа, а не на Арената “Тодор Проески“ како што беше досега.

Па така денеска во посета на клубот, но и на стадионот на Чаир, беше делегација на УЕФА предводена од Данило Филачионе. По неговата инспекција на Чаир треба да се даде “виза“ или не нашиот првак да игра на Чаир на европските мечеви кога ќе биде домаќин.May be an image of 4 people

May be an image of 2 people and people standing

May be an image of 5 people, people standing and outdoors

ПретходноВардар со убедлив триумф пред дербито во Битола
СледноПроблем за Вардар, Стоилов се повреди!