КЛ: Лестер и Рома ремизираа, Феенорд со минимален успех над Олимпик (М) (ВИДЕО)

98

Лестер Сити и Рома не успеаја да изборат предност по првиот полуфинален меч од Конференциската лига на УЕФА.  Дуелот во Англија заврши нерешено со резултат 1:1 и комплетно го остави отворено прашањето околу патникот во првото финале.

Капитенот на гостите Лоренцо Пелегрини го отвори резултатот во 15. Минута, но Адемола Лукман  израмни во 67. минута.

Во второто полуфинале, Феенорд дојде до минимална предност на дуелот со Олимпик (М). Холанѓаните во фантастична атмосфера на „Де Кујп“ славеа со 3:2 над францускиот преставник.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

ПОЛУФИНАЛЕ (ПРВИ МЕЧЕВИ):

Лестер – Рома 1:1

Феенорд – Олимпик (М) 3:2

ПретходноЛЕ: Ајнтрахт (Ф) не престанува да изненадува, триумф на гости во Лондон (ВИДЕО)
СледноРио Фердинанд: Овој Ливерпул ќе биде најдобриот англиски тим во историјата!