Завршија првите полувремиња на двата меча во ПМФЛ од 30.коло кои се играат попладнево. Во Штип, каде гостува новиот шампион, тимот на Шкупи, резултатот по првите 45.минути е 1:1. Брегалница со голот на Џокиќ во 15.минута дојде во водство од 1:0. Но во 29.минута Давид Денковски, голманот на “сините“ одново направи „кикс“, по којзнае кој пат оваа сезона и му овозможи на Адетунџи со убав гол да го израмните резултатот.
По Шара, каде играат Шкендија и Работнички на пауза се замина со тие почетни 0:0.