Алкалоид фуриозно и против Вардар Неготино

139

Откако во минатата коло и официјално го потврдија своето место во Супер-лигата, Алкалоид не го промени стилот. Дебитантот продолжи со убедливите партии, а нова „жртва“ бепе Вардар Неготино, го совлада со убедливи 33-31.

Ова беше уште еден лесен тренинг за ракометарите на Алкалоид, отворија со 11-2 во првото полувреме, на одморот предноста беше плус 11 (21-10). Ниту во вториот дел не се промени ништо на теренот, гостите беа немоќни во налетот на домаќинот, кој без проблем запиша уште еден убедлив триумф оваа сезона.

Серафимов, Ѓорѓиев и Димовски со по шест погодоци беа најефикасни кај победникот, Стојков беше стрелец на четири гола. На другата страна Пеовски имаше осум гола.

На останатите средби кои се одиграа Голден Арт славеше против Младост со 40-21, Јуниор К.В беше подобар од Драчево со 38-23, додека Куманово ја совлада Јехона со 30-27.

ПретходноЛидс Ј. немаше шанси: Манчестер С. се врати на чело во Премиерлигата (ВИДЕО)
СледноКратово слави: Силекс експресно се врати во елитата (ФОТО)