Битолчани ги приведоа пред крај подготовките за денешното големо ракометно дерби во домашното првенство. Во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола поставено е дополнително осветлување за светлосни ефекти, а на местото каде ќе бидат “Чкембарите“ се поставува навивачката сценографија.
Од спротивната страна на јужната трибина во горниот лев агол каде ќе бидат сместени навивачите на Вардар, “Комити“, се извадени столчињата за поголема безбедност, како на натпреварот против АЕК, а сигурно околу нив ќе има кордон полиција и обездување.
извор+фото: bitolanews.mk