И четвртото коло во Супер-лигата има што да понуди, до крајот на оваа сезона се чини нема големи фаворити, тоа се покажа многу пати до сега.
Оваа рунда ќе ја отворат, Пелистер и Еуро Никел. Битолчани во минатото коло токму на свој терен беа поразени од Гостивар, а за да го одбранат врвот се чини ќе имаат уште потешка задача. Денеска (14 часот) силите ќе ги одмерат со кавадаречкиот состав, кој во претходното коло го урна ТФТ.
Кикс за Марјан Илиевски и неговите избраници ќе значи шанса за МЗТ Скопје. Актуелниот македонски првак е домаќин на Гостивар. Со пораз на битолчани и победа над гостиварци, ќе се израмни бодовно на врвот. Оваа средба е закажан со почеток во 18 часот.
Последната средба од четртото коло се игра во „Кале“, ТФТ е домаќин на Феникс (19 часот). Ова се два тима кои се борат за една од позициите кои носат место во плеј-фот.