Рускиот тенисер Андреј Рубљов неодамна го освои „Србија опен“, откако во три сета го совлада Новак Ѓоковиќ.
Во првите два сета се водеше вистинска битка, но во третиот Новак остана без енергија, едвај го чекаше крајот на мечот, па рускиот тенисер беше убедлив со 6-0.
Неколку дена по завршување на овој турнир, Рубљов за руските медиуми коментираше за проблемите на Србинот.
„Тоа нема никаква поврзаност со замор или пак болест. Кај Ноле проблемот е психолошки. Поради ковид-протоколите и месеците минати во неизвесност, тој го изгуби ритамот. Од него се очекува многу, затоа неочекувано губи. Што повеќе игра, толку ќе се се зголемува неговата самодоверба. Неколку победи против супер-силни противници ќе го вратат назад во добрата форма, ќе биде оној вистинскиот“, изјави рускиот тенисер.