Филип Миркуловски е победник во македонското дерби во Бундес-лигата. Неговиот Вецлар на гостински терен славеше кај Хановер со 22-26 во рамките на 28. коло во ова натпреварување.
Вецлар победата ја најави уште во првото полувреме, имаше позитива од четири гола (10-14), откако претходно водеше и со плус седум (7-14).Во продолжение не се промени ништо, Хановер не доби шанса за кам-бек.
И Миркуловски и Кузмановски постигнаа по еден гол од два обиди.
Вецлар е на шестото место на табелата со скор од 14 победи, три порази и 11 ремија, додека Хановер е 14-ти, има девет победи, едно реми и 17 порази.
Победа запиша и Штутгарт на Жарко Пешевски, на домашен терен го совлада Лајпциг со 29-25.