Борко Ристовски: Честитки до Пелистер за проектот, но да не заборавиме дека Вардар е Вардар!

4088

Борко Ристовски, како и сите останати ракометари на Вардар беше пресреќен по триумфот над Е.Пелистер и остварената цел, да се освојат бодовите во Битола, а потоа мирно да се заврши сезоната за нова 15. титула во колекцијата на „црвено-црните“.

Искусниот голман запиша осум одбрани. Им честиташе на битолчани за проектот и начинот на кој го вратија ривалството, но не заборави да потенцира дека Вардар е поквалитетен во моментов. А како главна причина за неуспехот на битолчани го потенцираше големиот број на странци, според него оваа средба ја решија македонски ракометари, тие знаат како е да се игра под притисок.

И така беше во самиот финиш Стоилов го подигна тимот, на него се надоврза веќе разиграниот Ристовски, заедно со исцртаа патот кон победата.

„Тежок натпревар кој се одигра во врвна атмосфера. Драго ми е што се уште постои, поточно се врати ривалството меѓу Скопје и Битола, постојат две екипи кои можат да се борат за шампионската титула. До последните неколкму кола не се знаеше кој ќе биде шампион. Честитки до Е.Пелистер за добриот проект, се движат во вистинска насока, мора да растат уште бидејќи Вардар е Вардар. Да не заборавиме европски шампион, искрено сме поквалитетни од нив. На Е.Пелистер им фалат македонски играчи кои знаат како се играат ваков тип на натпревари, имаат искуство, овој меч не го одлучија странци, туку домашни играчи, не може секој да се носи со ваква атмосфера, не може да го издржи притисокот“, изјави за СПОРТМЕДИА, Борко Ристовски. 

ПретходноДавид Дејвис кратко и јасно: Борко пресуди, тој ја направи разликата
СледноНе се повеќе во Вардар ама срцето им е „црвено-црно“: Карачиќ и Дисингер испратија порака (ФОТО)