Сега веќе актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкупи, го очекува работно лето. Ќе има активности на меѓународна сцена, на Чаир со нетрпение се очекуваат квалификациите за Лигата на Шампионите, а во меѓувреме управата има за задача да го склопи тимот кој ќе влезе во битка за историски пласман надвор од нашите граници.
Па така, од постоечкиот кадар неколкумина фудбалери се на истек од договорите, како на пример Владица Брдаровски, Кристијан Трапановски, Ѓорѓи Стоилов, Константин Чешмеџиев, додека пак секако треба да се одлучи и околу позајмиците на Марко Ѓорѓиевски односно Омар Имери. Дел од овие имаа сериозна улога во освојувањето на титулата, дел се бореа за минутажа, а како истата ја искористија, ќе покаже времето. Дали ќе останат на Чаир и понатаму како дел од тимот на Шкупи, или пак ќе си ја побараат среќата на друго место.