По една година, Работнички повторно се искачи на шампионскиот трон

329

По една година пауза, Работнички се врати на шампионскиот трон. Одбојкарките на тимот од Дебар Маало, вечерва во уште една супериорна партија славеа со 3:0 во „мајсторката“ против бранителот на шампионскиот трон од минатата сезона, Јанта Волеј Кисела Вода, и ја потврдија доминацијата освојувајќи ја двојната круна.

Бранителките на тронот од лани, имаа огромна шанса да слават и оваа сезона освојувајќи го шампионскиот наслов, но по стартното водство од 2:0 во партии, дозволија да ги загубат следните две средби и да го вратат најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната во живот.

Работнички не ја пропушти шансата, се врати посилен и во серија од 3:0 во партии на крајот дојде до шампионскиот пехар.

ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ (Ж)

ПЕТТИ МЕЧ (МАЈСТОРКА)

РАБОТНИЧКИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 3:0 (25:17, 25:14, 25:21) / 3-2

ПретходноБаерн и дефанзивецот на Ајакс си подале рака
Следно„УЕФА МАФИЈА“: Навивачите на Олимпик (М) со кореографија против европската централа