Проблем за одбојкарите: Љафтов е повреден, не може да помогне за Европската сребрена лига

167

Еден од најдобрите поентери во макеоднската одбојкарска репрезентација Александар Љафтов отпаѓа од комбинација за настап на престојното издание на Европската сребрена лига во одбојка. Нашиот интернационалец кој оваа сезона дебитираше во италијанската елитна одбојкарска конкуренција, поради повреда на рамото мора да паузира најмалку еден месец.

„Не е сериозна повреда, но бара мирување. Ќе мора да ги пропуштам настапите во Европската сребрена лига оваа сезона, па се надевам дека за околу еден месец ќе можам да им се приклучам на соиграчите во остатокот од подготовките и тренинзите“, ни потврди Љафтов, кој не е со нашата репрезентација на подготовките во Маврово под водство на новиот селектор Павличевиќ.

Нашите одбојкари настапите во Европската сребрена лига 2022 ги почниваат на 25 мај со натпревар на домашен терен против Босна и Херцеговина.

ПретходноСтрумица преговара со странците, но ќе бара и нови засилувања
СледноОФИЦИЈАЛНО: Артета останува менаџер на Арсенал до 2025 година