Павиљао Атлантико или Алчиси Арена во Лисабон е домаќинот на Фајнал фор турнирот во Европската лига во ракомет сезонава кој што е закажан да се одржи на 28 односно 29 мај.
Вака одлучи водството на ЕХФ, кое му го додели турнирот на Лисабон, и со тоа го направи еден од учесниците на овој турнир всушност, домаќин. Се работи за тимот на Бенфика кој со ова се надева на прв трофеј во ова натпреварување.
На фајнал фор турнирот во полуфиналето ќе се сретнат
Бенфика – Висла Плоцк
Магдебург – Нексе