Секељи и се извини на Битола

452

Ракометниот клуб Е.Пелистер сезонава имаше златна шанса по 17. години пост, конечно да се закити со титулата во домашниот шампионат. Сепак, на големо, огромно разочарување на публиката во Битола, верните Чкембари, Е.Пелистер во клучниот меч на домашен терен и тоа загуби од директниот конкурент Вардар со конечни 23-26 и со тоа да пропушти драгоцена можност за успех.

Голманот на битолчани, Мартон Секељи по неколку дена од мечот сеуште под имресии на истиот секако и се обрати на верната битолска публика и и се извини што ете, не успеаа, тој и неговите соиграчи сезонава да ја донесат титулата во Битола.

„Извинете…. Битола и навивачите се шампиони, и никој друг. Со оваа поддршка, ЕХФ Ф4, беше наше место и требаше сезоната да ја завршиме како шампиони.Сега се чувстуваме празно, и со огромна болка, но се надевам дека ќе можеме да се кренеме и да го освоиме купот“ – напиша Секељи.

ПретходноГави потпишува нов договор и добива клаузула од милијарда евра
СледноОвребо конечно призна: Го „осакатив“ Челзи против Барселона (ВИДЕО)