Продажбата на Челзи е договорена за рекордна сума

494

Челзи има нови сопственици. Клубот во петокот вечерта потврди дека е постигнат договор со конзорциумот предводен од Тод Бели, Клирлејк Капитал, Марк Волтер и Хансјорг Вис. Продажбата треба да биде завршена до крајот на мај, односно по одобрување од Владата на Велика Британија.

Акциите на клубот ќе бидат купeни за 2,5 милијарди фунти, што според достапните податоци е најголемата сума за која е продаден еден спортски клуб. Таа сума ќе биде префрлена на замрзната сметка во Велика Британија, а Роман Абрамович потврди дека планира целата сума да ја донира во добротворни цели. Новите сопственици се обврзаа и на 1,75 милијарди фунти инвестиции во „благосостојбата на клубот“, т.е. инвестиции во стадион, тим и академија.

За постетување Абрамович одлучи да го продаде Челзи поради санкциите од страна на Велика Британија по руската инвазија во Украина. Целиот негов имот е зарзнат, тој во четвртокот изјави дека нема да бара да му се исплатат 1,5 милиони фунти, долгот на Челзи кон него.

Од четирите јаки конзорциуми за нов сопственик е избран американскиот милијардер Тод Бели кој веќе е инволвиран во светот на спортот затоа што е ко-сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс и славната НБА екипа ЛА Лејкерс.

ПретходноАлегри по поразот: Повеќе сум бесен, но и разочаран!
СледноЛука Дончиќ повторно имаше проблем со судиите, одлуки за неверување (ВИДЕО)