Фудбалски Прилеп е во еуфорија, под“Маркови Кули“денеска ќе “гори“. Имено денеска на програмата се сите мечеви од 26.коло во ВМФЛ – ИСТОК, а Победа дома игра со Пехчево. Во случај на триумф, а во Струмица екипата на Беласица слави против Слога (В) тогаш во Прилеп ќе се слави пласман во елитата. Затоа најфудбалскиот град во Македонија е на нозе.
Беласица прво игра за себе, со триумф над Слога (В) веројатно ќе заврши како втора и ќе игра бараж, а Виничани би биле најголемиот губитник. Сепак треба да се види како ќе одвиваат настаните денеска, ако не, тогаш ќе почекаме следниот викенд кога Слога (В) игра дома со Победа, а Беласица ќе му гостува на Кожуф.
На останатите три средби денеска, во рамките од ова 26.коло се среќаваат Саса –Кожуф, Осогово – Детонит и ТИМ Локомотива – Братство.
ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО ВО ВМФЛ – ИСТОК (ДЕНЕСКА 17 Ч)
ПОБЕДА – ПЕХЧЕВО
БЕЛАСИЦА – СЛОГА (В)
САСА-КОЖУФ
ОСОГОВО – ДЕТОНИТ
ТИМ ЛОКОМОТИВА – БРАТСТВО
ТАБЕЛА
Победа 56, Слога (В) 55, Беласица 53, Саса 45, Кожуф 34, Пехчево 30, Детонит 30, Осогово 27, Братство 14, ТИМ Локомотива 6 бодови