Синоќа Шалке на спектакуларен начин стави „печат“ на враќањето во Бундеслигата. Победа од 3:2 со С.Паули значеше и дека следната сезона еден од најпопуларните германски клубови ќе играат во елитата. Еден од најзаслужните за тој успех е и нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов, му беше поништен гол, имаше и асистенција, и затоа беше еден од главните во големото славје на сите во клубот. Посебно на фановите. Тоа беше ретко видено славје на стадионот во Гелзенкирхен.
А тој со македонското знаме на себе и тоа како знаеше како да го прослави овој голем успех на тимот каде што игра како позајмен,се знае дека негов клуб е Штутгарт.
“Вакво нешто не се доживува така често во животот.Минатото лето дојдов во Шалке со една цел, таа беше да се промовирам. И тоа го направив заедно со моите соиграчи. Дури и кога губевме со 0:2 не не фати паника, знаев дека ќе победиме. Им благодарам на сите наши фанови на поддршката“ изјави Македонецот.