Аеродром се подготвува за реванш, битката за „четворката“ станува „жешка“

105

МЗТ Скопје направи голем чекор кон лидерското место во Супер-лигата. Актуелниот македонски првак во минатото коло на домашен терен им одржа лекција на битолчани, бодовно се израмни со нив, а за да ја продолжи битката треба вечерва (19 часот) да дојде до нов триумф, исто пред своите фанови.

Гостин во СЦ „Јане Сандански“ е ТФТ, тим кој се бори за влез во плеј-офот и кој воедно е голем должник на МЗТ Скопје. На почетокот на Супер-лигата, веднаш по заверката на местото во АБА-лига, Александар Петровиќ и неговите момци беа поразени на гостински терен. Па сега со поддршка од навивачите очекуваат само победа.

ТФТ зад себе го има поразот од Гостивар, заедно со него и Еуро Никел бркаат место за плеј-офот, тука свои шанси има и Феникс.

Токму пред почетокот на пресметката во Скопје, еден час порано Гостивар ќе го пречека Еуро Никел, кој зад себе го има непријатниот пораз од дебитантот.

ПретходноВардар 1961 во нова пресметка со битолчани за одбрана на тронот!
СледноМега-спектакл во Тетово: Шкендија VS Шкупи, Артим против Седло, “Балисти“ и “Шверцери“…