Тимот на Вотфорд следната сезона ќе биде дел од Чемпионшип дивизијата. Не обезбеди опстанок во Премиер лигата сезонава, и тоа секако е поразителен факт. Финалниот удар се случи викендов откако е доживеан пораз од Кристал Палас од 1:0 со што и математички Вотфорд е во втора лига.
Искусниот, 39. годишен голман на тимот, Бен Фостер искрено и од срце кажа што мисли за оваа ситуација.
„Да бидам искрен, никогаш не се знаеше што да очекувате од нас. Дел од играчите не даваа максимум. Ќе играат добро 60, 70, минути и потоа едноставно ќе застанат. Тоа е недопустливо, мора да се дава максимум цело време. Може да се случи да противникот е поквалитетен од вас, но да не дадете максимум, е тоа не смее да се случи“ – рече Фостер.
Thank you all for your loyal support today and throughout the season. pic.twitter.com/fSkKGFuYZ9
— Watford Football Club (@WatfordFC) May 7, 2022