Каков шок во Ѓорче. Струга ТЛ со 1:3 успеа да ги победи „лавовите“ и со тоа да им го урне сонот за Европа преку првенството, така беше и лани. Босанчич блескаше со два гола, еден даде Шабани, а за домашните поразот го ублажи Воша во 61.минута.
Европска Академија Пандев. Струмичани со победата над Работнички од 2:1 и дефинитивно ставија печат на пласманот во Европа, сега нема кој да ги стигне.
Маронг и Велиновски стрелаа во првиот дел за домашните, додека Марио Станковски во вториот дел успеа да намали на 1:2. Тој шутираше пенал, Јовановски го одби тој удар, топката дојде повторно до напаѓачот на Работнички кој ја спроведе во мрежата.