Срамно дерби. Преполно со инциденти, тепачки, прекини и се само немаше фудбал. Во неколку наврати денеска веќе опишавме што се случуваше под Шара каде во меч од 32.коло, а требаше да биде мега – дерби, Шкендија и Шкупи одиграа 0:0.
Тоа беше фудбалска ВОЈНА, сепак среќа, среќа, што на клупите на двете екипи беа нашите легенди Артим Шаќири (Шкендија) и Гоце Седлоски (Шкупи). Можеше да се види нивниот натчовечки напор страстите да се смират, како ги двоеаја завојуваните играчи.
На тоа треба да им се честита на двајцата наши некогашни капитени на репрезентацијата. Седло како капитен, Артим како негов заменик.