Мароко и Халилхоџиќ доаѓаат во Скопје!?

1410

До Фудбалската Федерација на Македонија денеска стигна официјална понуда за одигрување на пријателски натпревар против репрезентацијата на Мароко. Истиот би се играл во месец септември кога Мароко ќе почне да се подготвува за настап на претстојното Светско првенство во Катар.

Македонија очигледно станува атрактивен противник за најсилните репрезентации во светот, кој со пријателските мечеви сакаат да ја темпираат формата за големите натпреварувања.

Мечот би се играл некаде пред дуелите со Грузија на 23 септември, односно 26. со Бугарија во Скопје во рамките од Лигата на Нациите.

 

ПретходноАнглиски клуб ослободи од 13 играчи oдеднаш
СледноХрватите тврдат: Бабиќ се враќа дома, ќе биде тренер на женска екипа ?